сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

БЕЈТА: Парламентот и владата зборуваат албански, претседателството ќе дише албански!

БЕЈТА: Парламентот и владата зборуваат албански, претседателството ќе дише албански!

На состанокот со раководството на општинската организација, Форумот на жени, Форумот на млади и претседателите на локалните совети на Демократската унија за интеграција во Гостивар, претседателот на огранокот, а воедно и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, пред учесниците зборуваше за важноста на претседателските избори на 21-ви април.

Бејта изјави дека Северна Македонија влезе во нова етапа на историјата, усвојувањето на законот за албански јазик, Преспанскиот договор, како и уставните измени што доведоа до промена на името на државата и кои гарантираат интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

-Ние сме на нова страница на историјата на Република Северна Македонија. Ние го избравме за Претседател на парламентот, нашиот сограѓанин, Талат Џафери. Со донесувањето на законот за албански јазик, Парламентот и Владата, зборуваат и албански. Со изборот на заедничкиот кандидат за Претседател,  Стево Пендаровски и Претседателството ќе дише албански, изјави Бејта.

Извор: Медијал.мк

Најнови вести

Локални избори 2021