сабота, 30. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бегството од избори на Заев значи бегство од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ бара експертите да напишат закон за обвинителство

Бегството од избори на Заев значи бегство од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ бара експертите да напишат закон за обвинителство

Бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорноста. Со ова покажува дека е спремен целата држава да ја стави во заложништво само за да се обиде да се спаси себе си, изјави денеска на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека Заев има еден приоритет, а тоа е како да одбегне одговорност за сите скандали и афери кои се провлекуваат за неговото име и неговата влада.

-Никој во оваа држава не верува повеќе во тоа, да сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, а Заев да нема никаква вина во најкорумпираната влада. Никој не верува во тоа да сме прогласени за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, а Заев да нема никаква вина во газењето на слободите и правата. Никој не верува во тоа, да за 3 години нема ниту еден процесуиран сериозен случај за криминал против било кој човек од власта, а Заев да не врши влијание врз разнишаното и без кредибилитет обвинителство и судство. Не е до законот за обвинителство колку што е во анкетите и навигацијата кои Заев ги добива секој ден, а кој покажуваат дека СДСМ нема поддршка од граѓаните и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува. Јасно е дека намерата на Заев, кој знае дека ги губи изборите е да се обиде да ги одложи и одбегне одговорност за сето ова, потенцира Мицкоски.

Според него, Заев има два начини да ја постигне оваа цел, првиот е еднострано носење на закон за јавно обвинителство со кое ќе воспостави целосна и зголемена контрола врз обвинителството за да по поразот одбегне одговорност за сите сомнежи за сторен криминал и корупција.

„И откако стана свесен носењето на овој лош закон, по забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, но и бројните забелешки на експертската јавност, удира во зид, сега оди кон вториот начин, а тоа е бегство од избори, за да има бегство од одговорност. Тоа покажува дека Заев сака власт само за да не се соочи со правдата, и ништо повеќе ниту помалку од тоа. И во оваа прилика, законот за јавно обвинителство го користи единствено како изговор за останување на власт. А од изговори и блефови веќе е доста. Ова е најмалку трет изговор за да избега од избори. Претходно беше наводната шпанска криза и влијанието врз ратификувањето на протоколот за НАТО, па потоа смисли изговор во кој се посочуваше блокадата на законите од страна на опозицијата меѓу кој беше и оној за бизнисот и извоз на цвет за марихуана во кој директен интерес имаа семејството Заеви, за да денес се смисли нов изговор, а тоа е законот за јавно обвинителство.“

За Мицкоски Законот за јавно обвинителство кој го предлага Заев е едностран и во спротивност со експертските мислења, Уставот и кривичната материја.

-ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за јавно обвинителсво, туку е против партиски закон за јавно обвинителство со кој ќе се заштити криминалот. Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Затоа предлагам законот за јавно обвинителство да дојде од експертите и професорите од Правниот факултет кои имаа релевантност и искуство од оваа материја. Професионализамот да го ставиме над партиските интереси, а законот кој тие ќе го предложат безрезервно ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус