понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 162
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бегајќи од улични кучиња починал- во Македонија кучињата земаат се поголем замав, властите ем слепи ем глуви

Бегајќи од улични кучиња починал- во Македонија кучињата земаат се поголем замав, властите ем слепи ем глуви

Револтирани граѓани секојдневно ги преплавуваат социјалните мрежи со фотографии и постови поврзани со уличните кучиња кои земаат се поголем замав во нашата држава, додека власти се глуви и слепи на овој проблем кој ги мачи граѓаните.

Токму со ваков исти проблем се соочуваат и велешани, додека на социјалните мрежи се појави и статус во кој се пишува дека еден нивни сограѓанин бегајќи од кучиња се здобил со тешки телесни повреди и починал.

-Пред малку стигна веста дека нашиот сограѓанин кој бегајќи од кучиња скитници се здоби со тешки телесни повреди, починал. Сочувство до семејството, но дали ова не треба да не натера да размислуваме повеќе за превземање на конкретни мерки и решавање на проблемот со кучињата скитници.
Сликата на глутници од кучињата скитници кои сеат страв кај велешани, за жал е се почеста во нашиот град. Тие кучиња се причина за голем број напади и каснувања проследени со повреди, а пред десетина дена беше нападнат еден наш сограѓанин, чиј живот за жал згасна.

Власта треба да знае дека во ЕУ не се оди со полни улици и плоштади со бездомни кучиња кои ги касаат и трауматизираат граѓаните. Луѓето се преплашени, не се безбедни ниту младите, ниту возрасните. Ние, нашите деца и родители сме во опасност и никој за тоа не сноси одговорност.

Ќе понесе ли некој вина и за ова? Згасна човечки живот поради напад од кучиња!
До кога ќе бидете рамнодушни на ужасот кој како граѓани на Велес го доживуваме секојдневно?
Овие појави јасно укажуваат на фактот дека речиси ништо посериозно не се презема за да отстрани опсасноста која не демне сите нас.

Јасно е дека Општина Велес и одговорните лица немаат капацитет да го решат проблемот на велешани.

Надлежните не се свесни колкава може да биде штетата доколку овие кучиња скитници нападнат дете или некое повозрасно лице. Можеби овој немил настан ќе ги освести!

Уште еднаш изразуваме сочувство до семејството, не се ситиме ниту на несреќата на одговорните, но одговорност МОРА ДА ИМА!

#ОставкиЗаСите
#ОставкаАце
#Ненад, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус