среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Бебето на починатата родилка од Кичево во стабилна здравствена состојба- се испитува случајот

Бебето на починатата родилка од Кичево во стабилна здравствена состојба- се испитува случајот

Бебето чија мајка почина на 18 јануари за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“ во Скопје, кое оттаму било донесено на Клиниката за детски болести, е во релативно стабилна здравствена состојба, прима терапија и се уште е приклучено на респиратор.

Ова за МИА го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ.

Од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) за МИА информираа дека 31-годишната родилка од Кичево која од приватната болница била препратена кај нив, била донесена почината, по што телото е испратено на судско-медицинска обдукција.

Во врска со случајот со починатата родилка, Министерството за здравство информира дека се преземени сите законски мерки кои се во нивна надлежност, со цел комплетно испитување на случајот.

– За таа цел, веднаш беше формирана комисија за стручен надзор, која веќе го анализира од стручен аспект целокупниот третман на пациентката. По извршениот стручен надзор, извештајот од Комисијата се доставува до сите надлежни институции, а воедно јавноста ќе биде соодветно информирана, посочија од Министерството.

Најнови вести

Локални избори 2021