недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Бебе заразено со коронавирус во Македонија

Бебе заразено со коронавирус во Македонија

Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, потврдија за „Слободен печат“, високи извори од Министерството за здравство.

И во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје каде секојдневно се соопштува возраста на заболените, денеска се наведува дека таа се движи од 0 до 91 година.

Претходно најмладиот пациент со Ковид 19 имаше две години.

Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.

Извор: Слободен печат

Најнови вести

Коронавирус