петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 192
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

Бебе кое се родило пред 20 дена е најмалиот ковид пациент во Македонија

Бебе кое се родило пред 20 дена е најмалиот ковид пациент во Македонија

20 деца позитивни на коронавирус се лекуваат на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле. Пет од малите пациенти се на кислородна поддршка. Новороденче старо само 20 дена е најмалиот пациент во оваа болница. Бебето се заразило од мајка му, како и многу од другите деца, вели директорот на оваа болница, Бесник Зеќири, пренесе ТВ21.

„Денеска имаме хоспитализирано 20 деца, некои помали некои поголеми, воопшто, возрасните групи од почетокот на четвртиот бран се од 0-2 години и од 9-15 години. Од 20, 5 деца се на кислородна поддршка, зависно за каква претходна болест станува збор, тие деца кои имаат коморбидитети или хронични болести од претходно, особено со белодробни заболувања, кај тие деца се развива потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка при престојот во болница“, вели Зеќири.

Здравствената состојба на децата е добра. Најзагрозени се децата од 10 до 16 години, особено оние кои имаат поголема телесна тежина, рече директорот на болницата. Инаку во дворот на болницата во Козле има и модуларна болница. На прашањето дали има хоспитализирани деца таму, Зеќири рече дека до сега оваа болница не е ставена во функција, пренесе телевизијата.

Целиот прилог погледнете го на ТВ21.

Коронавирус