четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

„БАРАВТЕ ЖИВОТ, ЕВЕ ВИ ГО“: Социјалните мрежи вријат поради апсењето на вевчанскиот карневал (ФОТО+ВИДЕО)

„БАРАВТЕ ЖИВОТ, ЕВЕ ВИ ГО“: Социјалните мрежи вријат поради апсењето на вевчанскиот карневал (ФОТО+ВИДЕО)

Со маски ниту во услови на светска пандемија, вевчанци  вчера не се откажаа од вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал и покрај апелите од надлежните да нема собири.

За жал карневалот доби друга димензија со упаѓањето на полицијата и апсењето на маскираните учесници низ улиците на Вевчани.

Порталот Охрид 24, потсети дека власта исто како пред 33 години го нападна својот народ.

Инаку вчера полицијата апсеше маскирани граѓани во обид да го спречи карневалот кој се одржува со векови, додека граѓаните на социјалните мрежи револтирано коментираа: Јас не знам што се буните, баравте живот, живејте го сега, ви сметаше таканаречениот режим“, „Срамота, за останатите се е дозволено во оваа држава, за Македонците ништо“, „Хунта сака а и ќе направи војна“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Исто како пред 33 години. Вевчани и вевчанци се нападнати од сопствената власт. Полицијата апси во обид да го спречи карневалот кој се одржува со векови

Posted by ОХРИД 24 on Среда, 13 јануари 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук вчера напиша: „Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”“.

-Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.
Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.

Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.

Кога Владата цензурира критика и традиција…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 13 јануари 2021

Инаку јавноста се уште е гневна и од прославата на СДСМ по победата во Штип на предвремените локални избори кои се одржаа минатиот месец.

Тогаш власта прославуваше на чело со Зоран Заев без никакви протоколи, а работеа и неколку угостителки објекти во време кога е забрането да работат поради пандемијата со вирусот.

Се славеше и роденденот на Али Ахмети пред само неколку денови кога јавноста исто така беше гневна поради десетината функционери од власта кои во затворена просторија не носеа маски, ниту ги почитуваа мерките за заштита од коронавирусот.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека власта на Заев ги надмина сите окупаторски и поробувачки власти кои Македонија ги имала. Со ќотек брутално го спречи Вевчанскиот карневал, традиција долга илјада години, само затоа што преку хумор и маски ја критикуваат власта и појавите во општеството.

– Истата таа власт и полиција која се правеше слепа на прославите на функционерите на СДСМ среде Штип, на роденденските прослави во влада, на забавите по кафулињата, насилно апсеше и растеруваше учесници во карневалот, меѓу кои имаше деца и стари лица и го заплашуваше својот народ, велат од партијата.

– Ете до каде отиде оваа забегана власт на Заев, за едни да биде мајка, за други маќеа. Двојните аршини на Заев народот ќе ги запомни и прво ќе ја порази оваа ненародна власт, а потоа ќе следи одговорност за бруталноста и криминалите на власта на Заев, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Локални избори 2021