вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

Барањето за свикување на собранието потпишано од 35 пратеници стигна кај Џафери

Барањето за свикување на собранието потпишано од 35 пратеници стигна кај Џафери

Иницијативата за свикување на итна седницата на Собранието доставена до кабинетот на собранискиот спикер.

Документот на којшто се потпишани 35 пратеници од неколку политички партии од власта, но и опозицијата бараат претседателот на парламентот да свика итна седница.

Се бара на дневен ред да се најдат двете одлуки на претседателот на државата за воведување вонредна состојба. Се повикуваат на уставни одредби дека во вонредна состојба се продолжува мандатот на пратениците, но и на одлуката на Уставниот суд според која распуштено Собрание може да се состане само во случај на воена или вонредна состојба.

Од владејачката партија велат дека иницијативата е демократски порив и целта е да се потврдат одлуките на претседателот на државата, но и да биде во функција како контролор на извршната власт. И замеруваат на опозицијата која е против враќање на пратениците на работа во парламентот.

Засега останува неизвесно дали по иницијативата Собранието ќе се врати во функцијата. Канал 5 се обиде да добие став од собранискиот спикер, но тој не одговараше на повиците. Без одговор и од неговиот кабинет. Досегашниот став на првиот човек на парламентот беше дека не може да свика седница по донесена одлука за самораспуштање на Парламентот.

Во опозициската партија прашани дали би учествувале во работата на Собранието доколку се врати во функција велат уставните одредби се јасни, распуштено Собрание не може повторно да заседава.

Одржување на избори во овие момент според ВМРО ДПМНЕ не смее да биде тема и фокусот мора да остане на справување со здравствената и економската криза.

Од албанскиот партнер во власта велат дека допрва ќе ја разгледаат иницијативата, но се на ставот дека потврдата на одлуките за вонредна состојба треба да ја направи новиот парламентарен состав.

Локални избори 2021