четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 21
home Вести

Балетското студио „АРТ Балет“ од Македонија се закити со 3 први места, едно 2 место и едно 3 место на Светското првенство во танц

Балетското студио „АРТ Балет“ од Македонија се закити со 3 први места, едно 2 место и едно 3 место на Светското првенство во танц

Балетското Студио АРТ БАЛЕТ од Скопје Општина Карпош под раководство на балерината Тамара Ѓурчиновска, заедно со деца претставници од Арт Балет Антонија Атанасова, Зорица Тасевска и Нина Димитриоска, изминатиов викенд од 15 до 17 март 2019 година беше претставник на Македонија на Европското Првенство по Танц во Москва, Русија во организација и лиценцирано од Светската Артистичка Танцова Федерација.

Арт Балет издвои голема победа на Светското Првенство и се закити со 3 први места злато, едно 2 ро место сребро и едно 3 то место бронза во класичен балет, модерен балет, џез балет и акробатика.За нивната победа на ова првенство се свиреше Македонската Химна и беше објавено и македонското знаме. Македонија за прв пат имаше свој претставник Арт Балет учесник на овој Европски Шампионат во Москва, Русија.

Гордоста е голема бидејќи Арт Балет и децата заминаа со сопствени средства и гордо и достоинствено со огромен труд, посветеност се подготвуваше и достоинствено со висок квалитет на подготвеност ги одбрани боите на Македонското знаме и гордо ги примија наградите проследени со нашата Химна.

На Европското Првенство учество земаа над 22 држави а во сите 3 дена се одвиваше на 3 сцени истовремено и децата учесници беа отценувани од врвни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови судии од Филипините, Германија, Белгија, Италија, Грција, Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Ерменија, Белорусија, Русија, Црна Гора, Словенија, Холандија Полска, Чешка, Австрија Швајцарија, Шведска, Македонија итн.

Заслугата за оваа победа ја носат: Балетско Студио Арт Балет, Тамара Ѓурчиновска балетски педагог и кореограф, Антонија Атанасова ученик во Арт Балет (Јан Амос Коменски), Зорица Тасевска од арт балет (Војдан Чернодрински и Нина Димитриоска од арт балет (Коле Неделковски).