понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 143
home Вести

Бајрам за Пендаровски на минатите избори: Го лапнавме како сарма во Шутка (ВИДЕО)

Бајрам за Пендаровски на минатите избори: Го лапнавме како сарма во Шутка (ВИДЕО)

Пратеникот Амди Бајрам на претходните претседателски избори жестоко го напаѓаше Стево Пендаровски.

Сега истиот Амди дури се откажа од сопствената кандидатура за да го поддржи Пендаровски.

-Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка. Ќе го нема на вториот круг, со 120.000 гласа во Македонија го победивме, тоа со нашиот претседател за Ѓорге Иванов кој гласавме, рече Бајрам на митинг во Гевгелија за време на кампањата за претходните претседателски избори.