сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Бајрам и Хасан се избрани за нови министри на местото на Ќахил и Ахмедовски

Бајрам и Хасан се избрани за нови министри на местото на Ќахил и Ахмедовски

Музафер Бајрам и Елвин Хасан попладнево беа избрани за нови министри без ресор во Владата.

Бајрам ќе ја извршува функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, а Елвин Хасан е назначен за министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

Претходно со 62 гласа „за“ во Собранието, на предлог на Владата, попладнево беа разрешени министрите, Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски.

Аднан Ќахил беше разрешен од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата, додека Аксел Ахмедовски ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.