сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 89
home Вести

Бачовска: Довербата на граѓаните во обвинителството и судството е поразителна

Бачовска: Довербата на граѓаните во обвинителството и судството е поразителна

Универзитетска професорка Јасна Бачовска Недиќ во вечерашното гостување во Отворено студио на ТВ 24 вели дека довербата на граѓаните во институциите, обвинителството и судството е поразителна, потенцирајќи дека со тоа всушност граѓаните сметаат дека државата не постои.

По сите овие скандали кои што се случија, пред се со рушењето на СЈО, довербата во институциите е поразителна. Замислете вие имате од 2 до 3 проценти доверба во јавното обвинителство, а некои многу ниски проценти на доверба во судство, како да не постои држава. Значи граѓаните со тоа ниво на доверба велат дека не постои држава, а луѓето односно актерите кои што сега ќе се натпреваруваат во политичката битка биле дел од државата и тие ја воделе таа политика која што не доведе до ова, изјави Бачовска Недиќ.

Коронавирус