недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Вести

Бабата Перса го распрсна розевиот меур на власта, лагите наспроти голиот живот

Бабата Перса го распрсна розевиот меур на власта, лагите наспроти голиот живот

Премиерот вчера по пристигнувањето од самитот на НАТО во Лондон, беше во увид на градежни работи за изградба на спортска сала во основното училиште „Јоаким Крчовски“, во скопско Волково.

На овој настан, премиерот учествуваше заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски и заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска.

Заев буквално беше критикуван од страна на Баба Перса, која без да се воздржи им укажа на премиерот и градоначалникот на Ѓорче Петров за работите кои ги ветиле, а не ги исполниле.

По ова, новинарот Фуркан Салиу ја зема Баба Перса со себе, со цел да побара од неа јавно да ги каже своите ставови, за неасфалтираните и улици полни со кал.

После објавеното видео на новинарот Фуркан Салиу, градоначалникот Александар Наумовски им испратил видео со своја верзија на приказната.

Но, новинарот не застанал тука, па го посетил Волково и повторно разговарал со госпоѓа Перса која го критикуваше градоначалникот Наумовски пред Заев и пред медиумите.

Потоа Баба Перса повторно реагираше откако го виде видеото на градоначалникот на Ѓорче Петров.

Баба Перса тврди дека гребениот асфалт го купила лично таа од свои пари.

– Како не му е срам, зошто не ме викнал мене да му кажам дека овој асфалт лично јас го платив со мои пари. 12.000 илјади јас го платив лично јас. Ма каква општина ви се молам, нека каже он на некој друг, не на мене. Земам 10.000 илјади пензија, плаќам за лекови и сметки. Нека дојде градоначалникот и нека ми каже кој ова го направил, вели БабаПерса.

Доколку се потврди дека асфалтот го купила госпоѓа Перса, а општината т.е градоначалникот велат дека тие привремено ја завршиле обврската ставајќи гребен асфалт, тогаш се поставува прашањето – дали градоначалникот Наумовски ќе си поднесе оставка од функцијата градоначалник поради изнесување лаги и невистини во јавноста?

Но уште една работа што треба да не загрижи е што градоначалникот на Ѓорче Петров испрати видео до сите каде живее Перса со што ја наруши нејзината приватност и го прекрши член 152 од Кривичен законик, пишува на Твитер еден активист кој ја отвара дилемата дали Наумовски може да добие кривична пријава и да заврши в затвор.

Што велат законите?

Според позитивните прописи во Република Македонија неовластеното снимање, прислушкување и тонско снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик.

Следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории може да одреди само судот како посебна истражна мерка според строго утврдени услови.

Според Кривичниот законик на РМ како кривично дело против личните права е неовластено снимање во член 152.

Според овој член тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Како отежителна околност, е доколку неовластеното снимање го стори службено лице, во тој случај се предвидени казни затвор од три месеци до три години.

Тоа практично значи дека со оглед што тој на трети лица го открил нејзиниот дом доколку градоначалникот Наумовски се третира како службено лице кривична пријава против него треба да поднесе Јавното обвинителство а ако се третира како граѓанин пријавата може да му ја поднесе баба Перса.

Видеото од откривањето на локацијата на Домот на Баба Перса што Наумовски го направил со помош на соучесник самиот ги дистрибуирал до медиумите.