недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Азманов: Апсурд е јас да градам СДСМ-овска болница, Заеви не ги знам

Азманов: Апсурд е јас да градам СДСМ-овска болница, Заеви не ги знам

Вице Заев не го ни познавам, еднаш само од далеку во Струмица ми кажа кој е, а премиерот Заев го имам видено неколку пати, рече бизнисменот Зоран Азманов на гостувањето на телевизија Алфа.

-Не знам што се случува, но ова е нелогична ситуација. Некој понудил демек помош, па да се јави некој да и рече чекај. Ако имал купец за 4 милиони немало што да се чека, јас на пример ќе сум го продадел Документите од проектот ги донесе Киро Тошевски. Тој има дојдено да купи два стана и тој го има понудено на директорот за продажба кој ми рече да го примам зошто земал два стана од кај нас. Подоцна имавме идеја со докторите Марјан Стојовски и Влатко Цветановски и преку нив стигнав до Тошевски. Тошевски ми ја даде цела документација и мислев може да се тера, а потоа излезе дека нема шанси да се прави нешто. Во оваа фаза не може да се направи ништо, Тошевски го има земјиштето, ама не и објектот, рече Азманов.

Во врска со информациите за градење на болница со лица поврзани од СДСМ, Азманов цели дека е апсурд.

-Да градам сдсм-овска болница е апсурд, јас немам никаква врска со нив, вели Азманов.

Коронавирус