недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 55
home Вести

Азири од Алијансата: Доцнењето на вакцината е неспособност и срам на Владата

Азири од Алијансата: Доцнењето на вакцината е неспособност и срам на Владата

Пратеникот од Алијанса за Албанците Елми Азири во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека доцнењето на вакцините е голем неуспех на Владата, што кај граѓаните предизвикува разочарување и незадоволство.

„Сите земји во регионот добија вакцини. Нашата Влада манипулира, вакцина се уште нема. Ова е неуспех, ова е срамота. Граѓаните се разочарани“, истакна Азири во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додаде дека единствено македонија од земјите во регионот нема направено ниту една вакцина и по се изгледа дека Македонија ќе биде земја која најкасно ќе ги добие вакцините.

„Достапните статистиките доволно зборуваат за нивото на кое се наоѓаме денес, а тие се дека Србија, до моментот што сега зборуваме има направено 437 илјади вакцини, Романија има направено 671 илјади ваквини, Грција има направено 269 илјади вакцини, Словенија 75 илјади вакцини, Хрватска 80 илјади, Бугарија 41 илјада, Република Албанија има направено 662 вакцини„, рече Азири.

Тој исто така посочи дека Владата не успева да се справи со пандемијата уште од самиот почеток на пандемијата, така што во март месец кога се појави корона вирусот Тетово кој што еден голем град кој се соочуваше со голем број на заразени, функционираше само со по еден инфектолог и епидемиолог.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија