недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Азири: Функционерите се третираат со предност за чист воздух

Азири: Функционерите се третираат со предност за чист воздух

Алијансата за Албанците ја критикува објавата на владата за јавна набавка на опрема за прочистување на воздухот во просториите на јавните институции. Според нив, власта им дава предност на просториите каде што престојуваат функционерите, наместо овие средства да се определат за спроведување на долгорочните мерки против загадениот воздух.

„Уште еднаш се докажува неподготвеноста на Владата да ги третира граѓаните со предност, напротив им дава предност на владините функционери затоа што, од пред три дена градот Скопје, како и градот Куманово беа прогласени меѓу најзагадените градови во светот што се однесува на воздухот. Наместо да преземе мерки за чист воздух во градовите за да им го олесни животот и дишење на чист воздух на граѓаните, владата сепак им дава предност на владините објекти- рече Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците.

Коронавирус