недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Авторот на „корнишонот на премиерот“ со песните им се „одмаздил“ на жените

Авторот на „корнишонот на премиерот“ со песните им се „одмаздил“ на жените

Јас сум голем провинцијален интелектуалец (од некои сметан за „генијалец“), прогласен за најдобар студент на ПМФ во 2003. Мене професионалниот ангажман на ПМФ, ФЕИТ, во две основни училишта и во други институции ми беше ускратен заради повеќе наместени конкурси, во кои победувале женски противкандидатки. Ете, тоа е мојата мотивација за такви „сексистички“ песни, статистиката покажува дека жените во Македонија полесно добиваат работни места во јавните институции.

Ова за ТВ 24 го изјави, Александар Блажевски, вистинскиот автор на недоличните песни објавени во збирката на Агенцијата за млади и спорт.

-Според него, објавените песни се во рамките на она што го дозволува Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, „Во член 7 е кажано дека тоа не се однесува на уметнички дела (има и други исклучоци, за новинарски статии итн.)“, вели Блажевски.

Како автор на двете спорни песни е потпишан Даниел Пиљаковски кој тврди дека неговото име било злоупотребено од поранешниот професор по математика, бидејќи тој не ги исполнувал условите за старосна граница на конкурсот.

Коронавирус