понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Автобусот на смртта бил осигуран: Оштета од 9.000 евра за семејствата на загинатите, по 4.500 евра за повредените

Автобусот на смртта бил осигуран: Оштета од 9.000 евра за семејствата на загинатите, по 4.500 евра за повредените

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите, објави телевизија 21.

„Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување“, изјави Кадри Моринај.

За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9.000 евра.

„Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра“, додава Моринај.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.

Најнови вести

Коронавирус