петок, 17. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

АВРМ ќе истражува кои вештини се барани на пазарот на труд

АВРМ ќе истражува кои вештини се барани на пазарот на труд

Од денеска стартува анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година кое Агенцијата за вработување на Република Македонија го спроведува согласно Оперативниот план за активни програми и мерки завработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Целта на анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат информации за потребата на работодавачите од нови вработувања во наредните шест до 12 месеци и потребата од занимања и вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања.

Резултатите добиени од анкетното истражување претставуваат основа за креаирање на активни програми и мерки за вработување, кои имаат за цел да ги зголемат вештините на невработените лица и да ја зголемат нивната конкурентост на пазарот на трудот.

Се очекува исто така резултатите да придонесат во создавање на услови за подобро функционирање на пазарот на трудот, преку вкрстување на понудата и побарувачката од соодветно квалификувана работна сила. Тие ќе послужат и во образовниот систем при концепирање на уписните политики и креирање на нови образовни програми за занимања усогласени со потребите на пазарот на трудот

Од АВРМ велат дека анкетното истражување ќе се реализира во периодот од 1 до 31 октомври помеѓу работодавачите од приватниот сектор со седум и повеќе вработени.

Анкетното истражување ќе го спроведат вработените лица од центрите за вработување, а ќе бидат ангажирани и невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија како поддршка во реализацијата.

Со цел успешно спроведување на анкетата во Агенцијата за вработување беа спроведени обуки за вработените лица, како и за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на анкетата.

Коронавирус