петок, 31. март 2023. Вести денес: 116
home Вести

Аврамовски Александров: Се обидуваат преку повлекување на кривични обвиненија да добијат гласови за нелегален и злосторнички договор

Аврамовски Александров: Се обидуваат преку повлекување на кривични обвиненија да добијат гласови за нелегален и злосторнички договор

Ова што се обидуваат преку повлекување на кривични обвиненија или пресуди да добијат гласови за нелегален и злосторнички договор, кој и со Уставот и со меѓународниот закон за човекови права и со референдумски резултат им е забранет, треба да биде посебен повод за тешка кривична одговорност, заради злоупотреба на државни функции за лични интереси и трампање на јавниот интерес за личен.

Ова го порачува Игор Аврамовски Александров, претседател на Здружението на македонските заедници во Австралија.

-Ако за тоа Македонија нема соодветни закони, тогаш треба да ги воспостави, со ретроактивен ефект. А за арбитрарно лишење од слобода и арбитрарни кривични обвиненија и пресуди, мотивирани од лични и политички интереси, веќе мора да има закони во државата според кои треба здраво ‘да си лежат’, пишува тој.