вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

АВМУ: Во наредните денови препорачливо е да не се емитува програма од жанрот комедија

АВМУ: Во наредните денови препорачливо е да не се емитува програма од жанрот комедија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата, така што музиката ќе биде од жанрови соодветни за денови на жалост, со оглед на тоа што поради трагична сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово за вакви денови се прогласени 14 и 15 февруари.

-Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање, се наведува во соопштението.

Воедно АВМУ информира дека јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, на 14 и 15 февруари се ослободуваат од ваквата обврска.