среда, 2. декември 2020. Вести денес: 15
home Вести

АВМУ со осуда за нападот на новинарот Златев

АВМУ со осуда за нападот на новинарот Златев

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот напад на новинарот и главен уредник на поратлот Економски Лидер, Љупчо Златев.

-Нападите врз новинарите претставуваат загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање. Секој вид на притисок води кон уназадување на демократските процеси и е спротивно на европските вредности, кон кои се стремиме. Агенцијата во повеќе наврати апелираше дека безбедноста на медиумските работници мора да биде загарантирана, затоа што само така ќе можат непречено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се вели во соопштението на АВМУ.

Коронавирус