сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ: Серија прекршувања на 1 ТВ

АВМУ: Серија прекршувања на 1 ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при извршувањето редовен програмски надзор врз 1 ТВ констатитра прекршување на забраната за пласирање производи во засебни аудиовизуелни целини со информативна функција и јасно означување на програмата со пласирани производи во засебни аудиовизуелни целини со забавна функција, прекршување на правилата за заштита на малолетната публика, и на обврските при обезбедување квизови и други облици за наградно учество.

Прекршување е констатирано и на правилата за прикриено рекламирање, условите за рекламирање и телешопинг, како и на правилата за рекламирање на поделен екран.

Со редовниот програмски надзор врз телевизискиот програмски сервис на Трговското радиодифузно друштво Телевизија 1Тв ДОЕЛ Скопје, констатирани се прекршувања на член 55 став 1 ( забрана за пласирањена производи ) и став 5 ( јасно означување програма со пласирани производи ) од законот за аудиовизуелни медиумски услуги ( ЗААВМУ ).

Овие прекршувања биле во рамките на “Отворено студио” и “Мода со Сергеј Варошлија”

Коронавирус