среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 35
home Вести

АВМУ: Нови правила за ценовниците за платено политичко рекламирање

АВМУ: Нови правила за ценовниците за платено политичко рекламирање

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информира радиодифузерите дека со новодонесените измени и дополнувања на Изборниот законик се определува нов начин на утврдување на ценовниците за емитување платено политичко рекламирање (ППР) кој ќе се применува и за Локалните избори 2021, поради што е пропишан дополнителен рок за достава на ценовници.

-Според измените во членот 75-ѓ од Изборниот законик, радиодифузерите треба сами да ја утврдат својата просечна цена (аритметичка средина) по секунда за едно деноноќие, добиена според различни ценовно-рекламни временски периоди за емитување на ППР, и тоа: Период 1 – од 00:00 до 08:00 часот, Период 2 – од 08:00 до 16:00 часот и Период 3 – од 16:00 до 24:00 часот, а таа да не ја надминува вкупната просечна цена за рекламирање на секој од радиодифузерите одделно, пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на државата, појаснуваат од АВМУ.

Радиодифузерите кои се претходно регистрирани во ДИК, нагласуваат од Агенцијата, не треба да поднесуваат нови барања, должни се да достават нови (коригирани) ценовници.

-Сите други радиодифузери кои претходно не се регистрирани во Регистарот на ДИК, имаат право да поднесат ново барање до ДИК и да се регистрираат за емитување ППР. Рокот за регистрација и достава на ценовници е до 19 септември (недела) до 24 часот, по што Државната изборна комисија треба да ги потврди и објави ценовниците, се вели во соопштението.

Радиодифузерите што нема навреме да постапат по новите законски измени, го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање.  (МИА)

Локални избори 2021