сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 112
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кисела Вода

home Вести

АВМУ: На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување!

АВМУ: На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување!

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира, во услови кога е прогласена вонредна ситуација поради коронавирусот, на сите медиуми – електронски, печатени и онлајн медиуми – да им се обезбеди еднаков пристап за известување.

-Имајќи ја предвид неопходноста граѓаните да бидат навремено, објективно и сестрано информирани за превенцијата од ширењето на коронавирусот и мерките коишто надлежните институции ги преземаат, институциите треба да вложат максимални напори во насока на што поинклузивно и потранспарентно работење. Во овој контекст, ја повикуваме Владата и државните органи да овозможат пристап на сите медиуми на своите прес-коференции и слични настани и одговорите на сите неодговорени прашања на конференцииите да бидат објавени на нивните веб страници. Воедно, потенцираме дека сите медиуми, без исклучок, треба да известуваат професионално, одговорно и без сензационализам. Покрај ова, сите онлајн медиуми треба да имаат објавено импресум, име на авторот на текстот и податоци за сопственоста, порачуваат од АВМУ.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020