сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ: Ковид-19 негативно се одразува врз економското работење на медиумите

АВМУ: Ковид-19 негативно се одразува врз економското работење на медиумите

Обезбедување економска одржливост на медиумите, креирање механизми за обезбедување транспарентност на интернет-компаниите и унапредување на капацитетите за медиумска и информативна писменост кои им овозможуваат на граѓаните да го препознаат, вреднуваат и заштитат новинарството како витален дел од информацијата како јавно добро, се клучните три поттеми на овогодинешното одбележување на Светскиот ден на слобода на печатот, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ.

Светскиот ден на слобода на печатот, под покровителство на Обединетите нации, денеска се одбележува под мотото „Информацијата како јавно добро“ и има за цел да ја афирмира важноста на ова прашање и да укаже на неопходноста од зајакнување на новинарството.

– Актуелната пандемија на КОВИД-19 негативно се одразува врз економското работење на медиумите и медиумскиот плурализам и придонесува за глобална појава на „инфодемија, поради што сега повеќе од било кога е потребно да се одржи и заштити независноста на медиумите и да се промовира известување базирано на факти кое е клучно за јавното добро на глобално ниво, се вели во соопштението од АВМУ.

Од АВМУ, укажуваат дека 3 мај, е потсетник за владите дека мора да се придржуваат кон преземените обврски за заштита на независноста на медиумите од напади, почитување на фундаменталните принципи на слобода на медиумите и на правото на слободата на изразување, содржано во Европската конвенција за човекови права, на чие почитување е обврзана и нашата држава.

Коронавирус