среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 155
home Вести

АВМУ: Kомуникацијата со медиумите да биде отворена и двонасочна

АВМУ: Kомуникацијата со медиумите да биде отворена и двонасочна

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите така што таа ќе биде отворена и двонасочна.

Апелот доаѓа по реакции на медиумските работници за начинот на комуникација и степенот на транспaрентност на владините институции и здравствените центри.

„Во вонредна состојба исклучително е важно да им биде овозможено на новинарите професионално да ја извршуваат својата работа и да им биде даден простор за потпрашања на добиените одговори. Само така нема да биде загрозена слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните, односно пристапот до објективни, навремени и сеопфатни информации. Воедно, Агенцијата смета дека надлежните органи и институции треба да избегнуваат да користат комуниколошки облици кои според форматот наликуваат на медиумски информативни емисии, како што беше неодамнешниот пример“, велат од Агенцијата.

Покрај ова, потсетуваат дека e неопходно на сите медиуми без исклучок, вклучувајќи ги и онлајн медиумите кои не се во Регистарот на професионални онлајн медиуми на СЕММ и ЗНМ, да им биде обезбеден еднаков пристап за известување, а медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи. Од Агенцијата побара да се вложат максимални напори за обезбедување на заштита и безбедност на медиумските работници.

Најнови вести

Локални избори 2021