среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 132
home Вести

АВМУ ќе донира милион денари помош за Албанија

АВМУ ќе донира милион денари помош за Албанија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиска помош во висина од еден милион денари за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Одлуката е донесена денеска од страна на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

-Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Македонија – Фонд за солидарност, се наведува во соопштението во кое се изразува и сочувство до семејствата на настраданите во земјотресот.