недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ до Заев: Јавните функционери да се воздржат од ставови со изразен сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории

АВМУ до Заев: Јавните функционери да се воздржат од ставови со изразен сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории

Во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Агенцијата потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од јавно изнесување ставови со кои се изразува сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Тие велат дека истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да служат како коректив на властите.

– Во овој контекст, новинарите не треба да бидат обесхрабрувани, напротив, треба да се поттикнуваат во истражувањето различни теми поврзани со евентуални појави на корупција или злоупотреби од страна на институции или поединци. Доколку некоја засегната страна смета дека не се испочитувани стандардите и принципите на однесување утврдени во новинарските кодекси може да ги искористи постоечките механизми и да се обрати до саморегулаторните тела, појаснуваат од АВМУ.

Коронавирус