недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ: 1 ТВ и новинарот Сашо Ордановски не ги почитувале професионалните стандарди во интервјуто со Христијан Мицкоски

АВМУ: 1 ТВ и новинарот Сашо Ордановски не ги почитувале професионалните стандарди во интервјуто со Христијан Мицкоски

Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Извештајот ќе биде објавен на веб страницата и доставен до Советот на Агенцијата, а во меѓувреме, регулаторното тело нагласува дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела за вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Коронавирус