четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

„Август и септември цениме дека е најдобар период за одржување на избори, затоа што тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните“

„Август и септември цениме дека е најдобар период за одржување на избори, затоа што тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните“

Вечерва во емисијата на телевизија Клан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека крајот на август и почетокот на септември би бил добар период за одржување на избори од позиција на заштита на здравјето на граѓаните.

„Факт е дека датата за избори кои што ќе се случат треба да се донесе со компромис. И тука нема никаква дилема бидејќи тој принцип ние го усвоивме уште за време на првата лидерска средбакај претседателот Пендаровски, кога ги закажавме изборите за април месец. За жал тие избори не се случија“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев инсистираат изборите да бидат во јуни бидејќи моментално имаме многу лоша ситуација во државата на здравствен и економски план.

„Ние цениме дека крајот на август, почетокот на септември можеби би биле добри дати за одржување на изборите од позиција на заштита на здравјето на граѓаните“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски образложи дека кај СДСМ мислењето е поинаку, тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од корона вирусот но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу но не исполни ништо.

Парламентарни избори 2020