понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

АВАЗ: Спогодбата за промена на име за целосна употреба е понижувачка

АВАЗ: Спогодбата за промена на име за целосна употреба е понижувачка

Периодот од 2017 г. до денес и периодот кој што е непосредно пред нас е од огромно значење за сите македонски граѓани, за нашата држава и пред се за македонскиот народ. Негативните трендови во економијата, здравството, образованието, политички мотивираните судски процеси и др., ќе ги преживееме и ќе ги надминеме, но прифаќањето на грчите црвени линии околу нашето име и отстапувањето од она што беше национален консензус не смееше да се случат. Од политички аспект, позицијата што ја имаме како релативно млада држава наметна неопходност за решавање на проблемот кој Грција го има со нашето име, стои во соопштението на пратеникот Зекир Рамчиловиќ и Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија АВАЗ и се додава:

„Како припадници на бошњачкиот народ за нас е прифатливо решение само доколку истото e прифатено од мнозинството на македонскиот народ и од мнозинството на сите македонски граѓани. Приоритетот го даваме на македонскиот народ, а потоа на сите македонски граѓани затоа што како Бошњаци, сме дел и од нација на друга држава. А особено, што ние Бошњаците сме доживеале и промена на име од Босна во Босна и Херцеговина, промена на име на јазик од босански во земаљски, потоа во српско-хрватски, па и забрана за изјаснување како Бошњаци се до 28 септември 1993 г., кога ги вративме сите елементи на нашиот идентитет. Спогодбата за промена на име за целосна употреба е понижувачка, но ние нема да можеме ниту имаме право да не ја почитуваме волјата на македонските граѓани.“

-Длабоко веруваме дека Македонците се свесни за одговорноста која ја носат и во наредниот период ќе донесат исправна одлука со која ќе го заштитат својот национален идентитет и своите национални интереси. Сметаме дека е најискрено, како припадници на Бошњачкиот народ кои во минатото ги имаат доживеано и ги живеат последиците од негирањето на идентитетот, промените на името на својата држава или тогаш административна единица, промена на јазик…, да се воздржиме од какво било лобирање и водење кампања по ова прашање. Сметаме дека секој треба самостојно да постапи по свое лично убедување. Здружението за обединување на Бошњаците АВАЗ смета дека ваквиот став е правилен и принципиелен, се потенцира во соопштението на АВАЗ.

Најнови вести

Коронавирус