петок, 4. декември 2020. Вести денес: 93
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

АУДИО БОМБА: Закани и уцени од кабинетот на министерот за земјоделие – откажи се заради фамилијата!

АУДИО БОМБА: Закани и уцени од кабинетот на министерот за земјоделие – откажи се заради фамилијата!

Скандалозна аудио снимка од разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот за земјоделие Трајан Димковски и лице вработено во инспектарот во Охрид – пристигна до редакцијата на „Економски Лидер“.

Откако ја утврдивме автентичноста на разговорот, но и го детектиравме очигледниот јавен интерес – ја објавуваме на нашиот медиум.

На снимката се слуша како Мојсовски, кој важи за еден од најблиските луѓе до министерот, го уценува инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а доколку не го стори тоа го принудува да си поднесе оставка.

Скандалозно е што директно од кабинетот на министерот, спротивно на законите се бара укинување на концесија, а доколку инспекторот тоа не го стори му се предлага да си даде оставка.

Социјалдемократот Мојсовски, во мафијашки стил, на подредениот му вели:

-Ако тоа не го направиш земи поднеси барање и поднеси оставка. Друго немам што да ти кажам брат, додека не дојдат некои поголеми работи, значи те молам зради тебе и зради фамилијата, утре ќе се сретнеме, ти си младо дете, јас сум повозрасен, молимте значи две работи ти кажав, прво се да исчистиш и од се да се оградиш и второ ако не можиш да се оградиш барај си ќаре дете ова не е добро, ниту за тебе ниту за… – вели Томе Мојсовски во снимката.

Инаку, Мојсовски е истакнат социјалдемократ, барем според она што може да се забележи на социјалните мрежи а во хиерархијата важи за еден од најблиските луѓе на министерот Трајан.

Во прилог целосниот транскрипт од разговорот, во кој се забележуваат сериозни кривични дела:

Лице: – Молим
Томе Мојсовски: Јоване
Лице: Еј
Томе Мојсовски: Што правиш
Лице: Повели Томе
Томе Мојсовски: Што правиш
Лице: Добар сум еве овдека во Охрид
Томе Мојсовски: Овде не слушам за некој број
Лице: да, да овој
Томе Мојсовски: Па не можам да го отворам телефонот тој ми е на …
Лице: овој го користам да ти кажам, другиот не
Томе Мојсовски: имам неколку работи што мораме да ги расчистиме пот итно
Лице: што требит, повели
Томе Мојсовски: Има две работи. Први работа е или да фатиш да ја средиш комплет постапката со надзорните контроли
Лице: Добро
Томе Мојсовски: А втората работа е ДА СИ ДАДИШ ОСТАВКА да не настанат поголеми промени тоа што те коментираат најдругарски ти го кажувам е голема опасност.
Лице: Кој к*р коментирање
Томе Мојсовски: Ова ти го кажувам другарски, јас не сум човек што сум те мразам, ниту пак сакам да те мразам …………….
Лице: Добро
Томе Мојсовски: Тоа што зборуваат дека имам против тебе нешто, јас немам, ова не би ти го кажал ако имав нешто против тебе
Лице: Добро
Томе Мојсовски: направи …………….. и од се да се оградиш и под итно да ја скиниш концесијата на концесионерот. Второ ако тоа не го направиш земи поднеси барање и поднеси оставка. Друго немам што да ти кажам брат, додека не дојдат некои поголеми работи, значи те молам зради тебе и зради фамилијата, утре ќе се сретнеме, ти си младо дете, јас сум повозрасен, молимте значи две работи ти кажав, прво се да исчистиш и од се да се оградиш и второ ако не можиш да се оградиш барај си ќаре дете ова не е добро, ниту за тебе ниту за …………… ниту за ………, ниту за државата наша. Значи ни бевме кај градоначалникот, бевме секаде, значи секаде си Јоване мој злато влезен, секаде си спомнуван Јоване, ти си дете младо, барај ќаре, јас ќе те поддржам ако поднесеш барањето за …………., јас ќе те поддржам нема никој да те чепне, а другото брат јас нема да те поддржам. Тоа другото нема јас да ти го поддржам. Молимте
Лице: чекај сега тоа е ако …
Томе Мојсовски: не чекам јас ти кажав
Лице: си правиме сега муабет
Томе Мојсовски: ќе правиме муабет кога ќе дојдеш у Скопје
Лице: готово во Скопје
Томе Мојсовски: ајде здраво
Лице: Ајде

Коронавирус