сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Аудио бомба на Лидер: Градоначалник од СДСМ тепа и измачува киднапиран човек!

Аудио бомба на Лидер: Градоначалник од СДСМ тепа и измачува киднапиран човек!

Свиркач, до редакцијата на „Економски Лидер“ достави аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.

-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа. – вака со лишување од слобода, почнува аудио снимката, која свиркачот ја достави до нашата редакција.

Понатаму во аудиото, се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.

Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…

Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.

Насилството и лишувањето од слобода, се сериозни кривични дела од висок јавен интерес, ова е главната причина поради која редакцијата на „Лидер“ одлучи да ја објави аудио снимката, која не знаеме на каков начин е прибавена.

-Треба да земам безбол палка и да ти ги искршам ребрата. – додека тепа вели Курто Дудуш во аудиото.

Се очекува реакција на МВР и Јавното обвинителство. Снимката можете да ја погледнете во прилог:

ИЗВОР: ЛИДЕР.МК

Коронавирус