среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 39
home Вести

Атанасов: Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав- за ваквото запоставување одговорност мора да има и ќе има

Атанасов: Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав- за ваквото запоставување одговорност мора да има и ќе има

СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија. Музејот на Македонија, кој треба да е симбол на историскиот и културниот идентитет на државата е пред распаѓање и се наоѓа во катастрофално лоша состојба, со срушени тавани, мувлосани простории и загрозени артефакти, истакна Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ иако ветуваше поправање на сите штети, санирање и реновирање, но и сите објекти кои се од важно културно и историско значење, сега гледаме дека имаме само низа од празни ветувања. Власта цели три години со прст нема мрднато ниту за заштитата на културното наследство на државата, а уште помалку за Музејот на Македонија. СДСМ ветуваа санација на Галеријата на икони, а сега гледаме дека изложбениот простор кој наликува на магацински простор е затворен, наместо да е реновирана просторија каде ќе бидат изложени предметите кои се прогласени за културно наследство од особено значење. Иконите наместо да бидат заштитени и изложени за да може да ги видат посетителите, тие се оставени без никаква заштита да скапуваат, рече Атанасов и додаде:

„Слична е состојбата и во етнолошката поставка каде наместо да биде изложено најголемото богатство на Република Македонија таа стои празна и руинирана. Вода тече од сите страни, додека пак изложбените витрини се уништени и мувлосани. Воедно, иако беше ветено се уште не е саниран кровот и нема никаква заштита од прокиснување и поплави, па затоа при најмал дожд депоата на музејот се поплавуваат и со тоа постои опасност од огромна штета на предметите кои се од непроценлива важност за историјата, културата и традицијата на Република Македонија“.

Дополнително, подвлече тој, нема основни услови за работа ниту за вработените во Музејот, и тие наместо во соодветни простории, работат во распаднати простории.

-СДСМ единствено што направи во музејот е тоа што се погрижи да вработи најмалку 15 партиски војници кои наместо за потребите на музејот се вработени за партиски потреби. Културното наследство е темелна вредност на Република Македонија, но не и за СДСМ. Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав. За ваквата негрижа и запоставување на културното наследство одговорност мора да има и ќе има. СДСМ очигледно се незаинтересирани и неспособни па затоа време е за избори по кои ќе почне Обнова на Македонија.

Коронавирус