четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 176
home Вести

АСМЛ во целост ги поддржува колегите во нивното барање за отпочнување на ветената 6-месечна платена пракса

АСМЛ во целост ги поддржува колегите во нивното барање за отпочнување на ветената 6-месечна платена пракса

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ во целост ги поддржува колегите во нивното барање за отпочнување на ветената 6-месечна платена пракса.

„Млади лекари со лиценца за работа, веќе скоро втор месец чекаат на отпочнување на шест месечната платена пракса. Истата е предвидена со закон и е услов за запишување на специјализација.
Колегите ги имаат уредно доставени сите потребно документи, а официјален став за отпочнување на истата нема!

Овој допис е поддржан од 60+ млади лекари кои се директно засегнати од проблемот, и уште многу кои ќе бидат засегнати во наредните месеци. Овие млади лекари моментално се без работа и заблуда за својата професионална иднина.

Тие се сериозна бројка на млади лекари кои вeќе размислуваат за иселување од државата!

Дополнителен проблем е правната дилема дали овие млади лекари ќе можат да потпишуваат договори после 12-ти Февруари?

Итно очекуваме официјален став од МЗ и временска рамка за отпочнување“- се наведува во нивното соопштение.

Коронавирус