сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски жестоко до Сарачини: Зошто сега откако Заев го ослободи убиецот на Нешковски не повикате на протест?

Арсовски жестоко до Сарачини: Зошто сега откако Заев го ослободи убиецот на Нешковски не повикате на протест?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во жестока дебата со владиниот претставник, Петрит Сарачини на телевизија 24 го запраша својот соговорник зошто сега тој не е на улица да протестира поради ослободувуањето и бегството на убиецот Игор Спасов. Тој го потсети Сарачини како протестираше против полициската бруталност за сега откако Заев се фотографираше со Спасов по што тој избега од затвор да нема доблест да го повика на одговорност оној кој што го ослободил. Арсовски потенцираше дека Заев е тој кој го ослободи Спасов преку неговата спрега и контрола која што ја има врз македонскиот правосуден систем.

-Сакате да ви кажам што им смета на граѓаните. Еве ќе им кажам што им смета конкретно. Им смета дволичноста и лицемерието. Ќе ви кажам едноставен пример. Како што се сеќавам вие бевте дел од протестите против полициската бруталност. Токму така и тоа беше за убиството на Мартин Нешковски за кое видовме дека не било криено, каде што експресно се осуди човекот кој што го убил. Тогаш бевте многу гласни, но сега откако сте во Владата никој не виде еве вие конкретно како поединец да излезете да протестирате против Владата и Зоран Заев кој што го ослободи убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов. Најпрвин се гушкаше со него. Не мора да има одлука на Владата, сите знаеме дека Зоран Заев има влијание врз судството. Може ли сега да повикате на одговорност за оној кој што го ослободил.

Да потсетиме дека Спасов беше експресно осудуен за убиството на Мартин Нешковски на затворска казна од 14 години, а само неколку месеци откако СДСМ ја превзеде власта, специјалецот најпрво се фотографираше со Заев за потоа да биде пуштен од затворот поради лекување за на крај да побегне од државата.

Коронавирус