среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Вести

Арсовски: Заев преку неговиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски го соопшти неговиот мастер план за идентитетско обезличување

Арсовски: Заев преку неговиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски го соопшти неговиот мастер план за идентитетско обезличување

Зоран Заев преку неговиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски го соопшти неговиот практично мастер план за идентитетско обезличување во кој Македонија и граѓаните треба да откажат од историјата, јазикот и постоењето на континуитет на македонската нација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за акцискиот план кој што јавно вчера го истакна поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Арсовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој мастер план за идентитетско обезличување, кој Заев се обидува да го спроведе.

– За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да се согласи владата дека македонскиот јазик бил всушност бил бугарски, дека тој бил јазикот на коресподенција на македонските револуционери. Неприфатливо е да се согласиме според тезата на Заев, пуштена преку Љубчо Георгиевски дека македонска нација е новосоздадена, рече Арсовски.

Тој потенцираше дека ова се опасни тези кои нанесуваат штета на националните и државни интереси и срамно е што не чувме никаква осуда од страна на Зоран Заев, на владата и на сите останати од СДСМ на овие изнесени тези.

– Штом молчат значи ги одобруваат и тие ги поттикнуваа. Ги повикуваме Заев и владата да се оградат од ова, доколку за нив ова не е прифатливо, во спротивно доколку не го сторат тоа ќе сметаме дека сето ова е дел од мастер план за идентитетско обезличување.
Арсовски нагласи дека ова е предавничка политика на Зоран Заев и сите приврзоци околу него која ја спроведуваат во континуитет изминативе години

– Најпредавничката политика која може воопшто да се сервира на македонскиот народ. На ваквите политичари не само што им доаѓа крајот, туку одат во историја и таму им е местото. Нивното мислење не треба да се зема сериозно од едноставна причина затоа што тие промовираат единствено предавничка политика, потенцира Арсовски.

Коронавирус