сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Арсовски: Заев и СДСМ се обидуваат скандалот со Тошевски да го сокријат под тепих

Арсовски: Заев и СДСМ се обидуваат скандалот со Тошевски да го сокријат под тепих

Да бевме правна држава, а не сме, тоа секој го гледа, Обвинителството уште кога се емитуваше јавната емисија на еден национален медиум требаше по допрен глас да отвори случај за индициите дека Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев вршел рекет врз бизнисменот Киро Тошевски, кој што јавно тоа го кажа, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Јавното признание кое што беше посочено од страна на бизнисменот Тошевски во петокот на еден национален медиум, говори дека тој лично бил цел на закани, уцени и навреди од страна на братот на премиерот, Вице Заев со цел да му се обезвредни атрактивен имот и истиот да биде купен по багателна цена. Посочено беше дека бил повикуван на разговори во еден струмички угостителски објект, а дополнително бил контактиран и од самиот Зоран Заев. Ова е крајно скандалозно. Бизнисменот говори дека со административни постапки во општина Гази Баба, кај што градоначалник е од редовите на СДСМ му бил континуирано обезвреднуван имотот со крајна цел тој да заврши во рацете на Заеви. Овие индиции ниту Зоран Заев ниту Вице Заев, ниту било кој друг повикан до сега не ги негираше јавно како што беа изнесени јавно. Се обидуваат ваков скандал да го сокријат под тепих, како и многу други до сега. Да биде скандалот поголем во емисијата беше посочено дека постои спрега помеѓу директорот на финансиска полиција Муареми, фамилијата Заеви, Кирацовски, но и веќе обвинетите Катица Јанева и Боки 13 со која се врши притисок врз неколку бизнисмени во Република Македонија, состојба од која некој има дебела финансиска корист. Кога ќе отворат истрага од обвинителството на Јовевски за овој случај по допрен глас? Кога ќе ги повикаат сите инволвирани во овој случај на РЕКЕТ да дадат своја изјава и да се доведе целиот случај до самиот крај? Ова е веќе нов аспект на случајот Рекет кој има свое продолжение во вид на урбанистички рекет, за кој постојат и сериозни индиции и сериозни сомнежи., но и јавни наводи од страна на жртва. Обвинителството за ова молчи исто како што молчеше и за случајот рекет се дури не излегоа доказите во медиуми. Зоран Заев по се изгледа е дебело загазен во криминалите кои што ги правел Боки 13, Катица Јанева, но новите ликови со кои се шират приказните со нови и нови ликови од неговото блиско опкружување, истакна Арсовски.

Криминалниот октопод, ако не сака ова обвинителство на Русковска и Јовевски да го разобличи, ќе биде разобличено после 12 април, кога ќе заврши политичкиот притисок кој што го врши Заев врз правосудството, додава тој.

 

Коронавирус