четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Заев и СДСМ им кратат на професорите во основно и средно образование цели 5.660 денари од нивната плата месечно

Арсовски: Заев и СДСМ им кратат на професорите во основно и средно образование цели 5.660 денари од нивната плата месечно

Зоран Заев и СДСМ им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата секој месец. Оваа власт за само една година на еден професор од основно или средно образование, му крати односно му зема од неговиот џеб 67.920 денари или 1.100 евра вкупно.Наводното покачување од 10% е само замачкување на очи и прикривање на овој грабеж кој го прават врз просветните работници.
Имено наставниците и професорите во основно и средно образование според Колективниот договор од 2010 година потпишан имаа коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата која моментално изнесува 12.500 денари нето при што се добива плата од 31.660 денари односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10%, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата ќе биде 14.500 денари тогаш согласно закон и колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега го ветува Заев. Ова во превод значи дека Заев сака наставниците и професорите да ги изманипулира. И не им ја дава платата која со закон им следува. Лагата повеќе не поминува. Наставниците и професорите знаат дека заслужуваат повеќе и тоа е нивно законско право и не зависи од Зоран Заев, зависи од Законот.“

-Наставниците и професорите треба да си го добијат она што го заслужуваат со закон. Без притоа Зоран Заев да се фали дека воопшто нешто им дал како покачување, бидејќи тоа е нивно стекнато право, како просветари кои се столбот на системот и државата. На лагите на Зоран Заев и СДСМ им нема крај, но порано или подоцна вистината излегува на виделина. Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособната влада, затоа по 12-ти април доаѓа реформска влада, доаѓа влада која што ќе изврши обнова на Македонија, и која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува колективниот договор потпишан 2010-тата година, потенцираше Арсовски.