вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 15
home Вести

Арсовски: Заев, Димитров и останатите од СДСМ потпишаа капитулантски и срамен договор за Република Македонија

Арсовски: Заев, Димитров и останатите од СДСМ потпишаа капитулантски и срамен договор за Република Македонија

Зоран Заев, Никола Димитров и останатите од СДСМ потпишаа капитулантски и срамен договор за Република Македонија и македонскиот народ, ова денеска на прс конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-На почетокот на оваа прес конференција да се потсетиме што Зоран Заев говореше пред да дојде на власт. Зоран Заев на предизборен митинг во 2016 година, пред само 2 години, гарантираше, значи повторувам гарантираше, дека нема да се смени Уставот и дека никој немал право да го менува. Сме имале одличен и европски Устав како што рече тој. Ова што го видовте и слушнавте е само една вешта манипулација на Зоран Заев до сите граѓани за да дојде на власт и веднаш потоа да тргне во распродавање на Република Македонија. Името, идентитетот, националноста, откажувањето од македонското малцинство насекаде во светот. И сето тоа да стои запишано во Уставот на државата кој сака да го промени, потенцира Арсовски.

Тој додава дека Зоран Заев ги чини прескапо граѓаните на Република Македонија.

-Зоран Заев е човекот кој ги изманипулира граѓаните под превезот на нереалните плати кои што ги вети, нереалните пензии кои што впрочем ги намали, а не ги покачи и проекти кои што воопшто не се ни реализираат за да потоа склучи капитулантски договор за нашата држава. Народот e обединет и многу повеќе свесен за она што ни се случува во нашата држава. На Македонија и е потребна народната мудрост каква што од секогаш ја имал нашиот народ. И сега е потребно да се слушне неговиот глас посилно и погласно од било кога досега. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и понатака. Овој криминален картел на власт мора да падне. Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. заврши Арсовски.

Коронавирус