среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 90
home Вести

Арсовски: За сомнителното работење на СДСМ сега плаќаат граѓаните, затоа ги повикуваме на протестот каде што ќе го означиме почетокот на крајот на криминалниот картел

Арсовски: За сомнителното работење на СДСМ сега плаќаат граѓаните, затоа ги повикуваме на протестот каде што ќе го означиме почетокот на крајот на криминалниот картел

Начинот на кој што Зоран Заев ја водел партијата до сега го пресликува и начинот на водењето на Владата и државата. Сомнителни трансакции, сомнителни кредити и задолжувања, сомнително финансирање преку чланарини на кои што не се знаат членовите на општинските организации ниту колку, ниту кому уплаќале. Ова се констатациите на државниот ревизор за начинот на работење на СДСМ под водство на Зоран Заев, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Што прикрива Зоран Заев и СДСМ? Кому му должат и дали сега ги исплаќаат долговите со пари од народот и дали со тоа ги исплаќаат и сомнителните кредитирања за финансирањата на неговата партија? Од извештајот на државниот ревизор јасно се гледа дека СДСМ нема обезбедено документација за имотот на партијата. Зошто се уште не е обезбедена ваква документација? Дали тоа значи дека СДСМ сака да земе имот без да го плати? Дали имотот на СДСМ е донација и колкава е донацијата бидејќи законот не дозволува правно лице, кое и да е, не може да донира повеќе од 56.000 евра односно 150 плати или кај физички лица 75 плати? Штом имотот не е регулиран, дали СДСМ плаќа кирии и има договори со сопствениците или го крие неплаќањето на кириите?, запраша Арсовски и додаде:

„За разлика од сомнителниот извештај за СДСМ, извештајот на ВМРО е без посериозни забелешки. Законот за платен промет не познава подсметки и затоа се отворени три сметки користени исклучиво за намената за која се отворени. Обврските на партијата се уредно наведени и како што се подмируваат, така се приложуваат и фактури, во согласност со договорите. Ниеден дефокус со извештајот на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие сомнителното работење на СДСМ“.

За нивното сомнително работење, подвлекува Арсовски, сега плаќаат граѓаните на Република Македонија.

-Затоа ја покачија акцизата и плаќаме енормно скапа нафта за разлика од порано, а државата се задолжува стотици милиони евра месечно без притоа да се реализира ниту една капитална инвестиција во корист на граѓаните. Заев и СДСМ ја носат државата кон економска пропаст. Ја пробија психолошката граница од над 5 милијарди евра јавен долг, потенцира тој и додава:

„Ваквото расипничко однесување на СДСМ и владата под нивно водство мора да престане. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да ни се придружат вечер во 20.00 часот пред владата и да дојдат на протестот каде што ќе го означиме почетокот на крајот на криминалниот картел. Македонија ќе победи!“.