сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски за КУРИР: Единствено кое што се работи изминативе години е само криминал, наместени тендери и богатење на своите фамилии на функционерите

Арсовски за КУРИР: Единствено кое што се работи изминативе години е само криминал, наместени тендери и богатење на своите фамилии на функционерите

-Единствено кое што се работи изминативе години е само криминал, наместени тендери и богатење на своите фамилии на функционерите, вели во интервју за Курир портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Ќе започнеме со последниот од пред два дена извештај на угледниот „The Economist“ па ќе продолжиме со извештајот реномираната Транспаренси Интернешн каде што каде што сме исто така најлоша во последните две децении индексирани и тоа се благодарение на оваа влада предводена од СДСМ. Кога дојдоа СДСМ на власт беше уште тогаш актуелизирано прашањето како тие би владееле но, ете на некој начин се наметнаа со манипулација, со лажење, со ветување кои не ги исполнуваат, па на некој начин можеби и добија некој грејс период од граѓаните да видат што ќе направат понатаму. Очигледно беше, говоревме и тогаш, говориме и сега и знаеме како ќе биде и во иднина, нормално нема да биде подобро ќе биде многу полошо. Очигледен беше нивниот начин на владеење, криминал, корупција, наместени тендери и не можеше да се очекува ништо поразлично од таа констатација на луѓе. Доколку се навратите наназад, пред да дојде СДСМ на власт на централно ниво и да управува со Владата на Република Македонија, Зоран Заев беше градоначалник на општина Струмица, која што прилично вака е голема општина. Како градоначалник на општина Струмица, тој и неговото семејство заработија милиони милиони пари на граѓаните. Уште сега може да отвориме низ медиумите, да се навратиме наназад, дали скандалот со Цареви Кули, дали се скандалите со неговите фирми што опслужувале училишни кантини, дали се скандалите со неговите фирми што работеле инфраструктурни проекти или можеби најголемиот скандал после 10/12 години што се удри од глава на граѓаните, скандалот со „ГЛОБАЛ“, кој што беше изграден незаконски, односно како дива градба и подоцна и абулициран заради тоа Зоран Заев, актуелниот премиер, уште тогаш може да видите дека се работело за едно криминогена структура и за еден човек кој што ќе ја води Владата единствено во криминална насока. Не може да се очекува ништо поразлично, тоа е човек кој што многу ветува, а ништо не исполнува, додава Арсовски.

– Наназад три години, откако дојдоа на власт од 2017 година до сега, буквално на ниеден светски ранг, каде што се индексираат криминалот, корупцијата и се останато, владеење на правото, вклучително и „The Economist“ како владее оваа влада, може да забележите пад на Република Македонија, но во негативна насока каде што оваа Влада е директно најзаслужна. 78 место на „The Economist“ кое што не вбројува во хибриден режим е резултат само на она што ни се случува сега во моментов. Од онаа загушена медиумска слобода, каде што не може да се допре до реалните проблеми кои што ги имаат граѓаните, да бидат испромовирани јавно и да побудат дискусија кај граѓаните, па се останато, до владеење на правото, до криминалот кој што владее во редовите на институциите, до начинот на силување на оваа држава. Морам да го наречам силување, затоа што единствено што гледам изминативе години оваа Влада на СДСМ ги силува граѓаните преку институциите. Значи не се почитува ниту културата политичка, ниту се почитува она кое што се вели закон, устав, норми и начела кои што треба да ги почитува секој еден граѓанин на Република Македонија, истакна Арсовски.

Оттука, би се надоврзал исто така, многу важен извештај е рангирањето на Република Македонија на најкатастрофалното 111 место според индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл. Зошто е ова вака? Сакам да ги спојам двата извештаи во еден, имавме изминативе неколу денови едни трагични изјави на нивни функционери дека за овие извештаи била виновна ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека дома нивните роднини, кога ќе ги слушнат како говорат функционерите на СДСМ им се смеат, изиграваат само кловнови пред македонската јавност бидејќи ВМРО-ДПМНЕ 3 години не е на власт, и не само што не е на власт, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски и сите останати од раководството, секојдневно обелоденува безброј скандали за корупција, за криминал, за невладеење на правото односно селективната правда во Република Македонија и нормално не може со тоа Христијан Мицкоски и сите ние вклучително јас и другите колеги кои што објавуваме скандали да бидеме виновни затоа што Македонија е на ниското 111 место по криминал, корупција и така натака. Што значи тие изјави во јавноста се перцепираат како изјави на кловнови. Морам така да ги наречам бидејќи им се смеат граѓаните. Им се смеат на таквите изјави бидејќи никој не е виновен од нив, за се е виновна опозицијата. Не може да биде виновна опозицијата затоа што Зоран Заев е аболициран ириминалец. Не може да биде виновна опозицијата бидејќи Венко Филипче имаше безброј крвави тендери како што ги нарековме во министерството за здравство каде што се поделени и има класичен судир на интереси помеѓу татко, ќерка и нивни роднини каде што сите знаат дека тендерите во здравство се наместени, посочи тој.

Целото негово интервју за КУРИР може да го погледнете во продолжение:

ЕУРО 2020

Македонија