четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 91
home Вести

Арсовски: За 7 месеци, економското трио Заев, Тевдовски, Анѓушев успеа да ја крахира македонската економија

Арсовски: За 7 месеци, економското трио Заев, Тевдовски, Анѓушев успеа да ја крахира македонската економија

Ако се земе предвид дека капиталните инвестиции се основа за раст на една економија, тогаш после денешниот извештај на Министерството за финансии каде што капиталните расходи се 21.33%, во првите седум месеци, мора да си признаеме дека нашата економија е пропадната, а државата се наоѓа во алармантна ситуација и ќе крахира, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– За 7 месеци во 2018, економското трио Заев, Тевдовски, Анѓушев успеа да ја крахира македонската економија и да реализира само 21.33% капитални инвестиции, што е историски најлош резултат ви нашата држава. Ова е загрижувачки лошо и поразително за нашата држава. Всушност полош резултат од овој немаше да постигнат и доколку не работеа ништо.      За жал, последиците од овие катастрофални резултати на оваа неспособна Влада, ќе ги трпат граѓаните и Република Македонија. Последиците ќе бидат тешки и ќе ги надминат и најцрните сценарија кои ги претпоставуваа експертите. Сите планирани и проектирани параметри кои ги имаа СДСМ пред изборите ги промашија. Граѓаните со ваквата поразителна економска политика може да заборават на ветувањата кои Зоран Заев им го даваше пред изборите. Нема ниту еден километар од 600 километри нови автопати, нема 500 евра просечна плата за сите граѓани, нема 100 илјади денари плата за лекарите, нема покачени пензии, нема покачени стипендии, нема нови училишта, нема нови градинки, нема нови студентски домови, нема нови болници и амбуланти, нема нови клинички центар, вели тој.

Арсовски порачува дека СДСМ мора да си заминат на власт.

-Едноставно нема ништо реализирано како капитален проект за граѓаните, а гледаме само хаос, безредие, афери, скандали, криминални тендери и јавни набавки и задолжувања кои во последните година дена се покачија над 1 милијарда евра. Јавниот и државниот долг на Република Македонија се зголемија за над 350 милиони евра откако е дојдена СДСМ на чело на власт на Република Македонија. Сведоци сме на нерационално трошење на граѓаните, каде што за цвеќиња се даваат 670.000 евра, а фондот нема пари за лекување на деца. Што побрзо си заминат од власт СДСМ, толку побрзо граѓаните ќе се спасат. На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.