вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Арсовски: Време е да заврши шерифското однесување на Вице Заев и Зоран Заев

Арсовски: Време е да заврши шерифското однесување на Вице Заев и Зоран Заев

СДСМ очајно се труди по секоја цена да се постави над законот. Конкретно фамилијата Заеви мислат ја поседуваат целата држава и институциите, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Неговата прес-конференција ја пренесуваме во целост

Според дел од медиумите вчера во полициска акција МВР привело неколку луѓе кои го кршеле полицискиот час во Струмица. Инаку лицата се блиски до Зоран и Вице Заеви, а работеле до доцна во ноќта – до полноќ, подготвувајќи пакети брендирани од СДСМ, кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните.

Ова е вест која што денеска осамна во медиумите.

Шерифското однесување на семејството Заеви кои мислат дека се над законот и дека поседуваат се и секого во државава, стигнало дотаму, да Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот.

Епа друже Вице Заев, за жал мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност.

Ова најдрско и најшерифско однесување на кршење на законите мора да заврши еднаш – засекогаш. Ништо повеќе не е семејството Заеви од било кој друг граѓанин во Република Македонија кој ги почитува законите на својата држава.

Дополнително, ако некој го прекршил законот ќе одговара и мора да одговара. И бараме сите кои го прекршиле законот вчера и кои што се приведени да одговараат, вклучително да одговара и Вице Заев доколку го прекршил полицискиот час, бидејќи отишол да ги извади оние кои биле приведени и да се обиде да го прикрие случајот. Никој не смее да биде над законите, па ниту блиските на Зоран и Вице Заеви, а ниту самиот брат на поранешниот премиер.

Инаку лицата кои го прекршиле законот и ги подготвувале овие пакети, целата јавност знае дека овие пакети се за масовен поткуп на граѓани кои треба да гласаат на изборите кога и да се одржат. Лицемерите од СДСМ ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните и под превезот на некакви си хуманитарни побуди, вршат масовен изборен поткуп.

Она што е најсмешно и најлицемерно е дека според сведоштвата на луѓе дека во пакетите кои ги дели СДСМ нема ниту еден, ама баш ниту еден македонски производ, сите коишто се ставаат внатре се увозни. Ете толку треба да се знае за лицемерието на СДСМ и на семејството Заеви.

Грубото кршење на законите мора да се санкционира. Заврши времето на шерифување на семејството Заеви.

Коронавирус