сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за наместениот тендер за водоводната мрежа на „Варшавска“

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за наместениот тендер за водоводната мрежа на „Варшавска“

Онака како што и самите кажавме изминативе неколку денови откако објавувавме докази за сериозен криминал односно наместен тендер од страна на двоецот Шилегов – Весковски во јавното претпријатие Водовод и онака како што и претседателот Мицкоски најави на ТВ дуелот, денеска ја поднесовме кривичната пријава до секторот за организиран криминал, до јавното обвинителство. Каде што јавното обвинителство и Вилма Русковска треба да отворат случај за да го истражат до крај и да понесе некој одговорност за овој сериозен криминален предмет кој што се случи во јавното претпријатие Водовод, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, само да потсетиме за што се работеше, во текот на 2020-та година во април со рамковна спогодба потпишуваат пет фирми за реконструкција на водоводна мрежа во текот на годината. Потоа во текот на јули и август месец се одвива реконструкција на улица „Варшавска“ од страна на фирмата КБК Инженеринг и КОДИНГ на водоводната мрежа. Да, потоа веднаш после завршување на работата во октомври месец се изврши изборот на најповолен понудувач за истата работа која што веќе е завршена од страна на фирмата КБК Инженеринг што уште еднаш покажува дека овој тендер бил однапред договорен и наместен за оваа фирма КБК Инженеринг и КОДИНГ. Затоа доволно е, доволно е крадење од парите на граѓаните, доволно е испумпување од јавните претпријатија пари од страна на власта и СДСМ, вели Арсовски.

Тој додава дека и конечно некој треба да сноси одговорност во однос на сите овие пари кои што секојдневно се проневеруваат од страна на власта. Ние очекуваме реакција од страна на секторот за организиран криминал бидејќи ова е тема и предмет која што сериозно ја разбранува и ја интересира јавноста. Поднесовме обемен материјал со докази кои што го потврдуваат сето она кое што го говоревме и се она кое што ќе сака да го прикријат доколку сакаат да го прикријат од страна на секторот за организиран криминал, би било само јавен преседан во заштита на криминалот и корупцијата на власта.

Локални избори 2021