четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Арсовски: Власта цела недела молчи за доделените тендери во вредност од половина милион евра за маркетинг услуги

Арсовски: Власта цела недела молчи за доделените тендери во вредност од половина милион евра за маркетинг услуги

Цела недела има класичен молк од власта избегнување на темата за доделените тендери во вредност од половина милион евра на само три фирми и на само двајца сопственици изјави денеска за медиумите во коментар на денот, Димса Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Половина милион евра за три години се поделени за маркетиншки услуги и организирање настани, а народот нема леб да јаде.Да делиш пари за организирање настани во ек на пандемија што е уште потрагично кога е забрането групирање и организирање на настани, не е ништо повеќе, туку класично испумпување на парите на граѓаните од државниот буџет кои што завршуваат во нечии туѓи џебови, вели тој.

Арсовски посочи дека ова е една од причините и ваквите тендери се причина да Република Македонија биде на 111 место по нивото на корупција во свет на листата на Транспаренси Интернешнл.

– Оваа влада и работење е сведено само на брутална гола реклама, манипулација и испумпување народни пари.Она што е најважно да го знаат граѓаните и да немаат грижа, сите договори ќе бидат ревидирани и секаде каде што има основан криминал, сите инволвирани ќе одговараат, додаде тој.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија