среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 37
home Вести

Арсовски: Владиниот тим не би треба директно да биде вклучен во кампањата на Пендаровски

Арсовски: Владиниот тим не би треба директно да биде вклучен во кампањата на Пендаровски

Аналитичарот Петар Арсовски во изјава за емисијата „Отворено на Алфа“ зборуваше за престојните претседателски избори. Имено тој го коментираше и вклучувањето на Марјан Забрчанец во кампњата на кандидатот за претседател од страна на СДСМ, Стево Пендаровски.

-Вклчувањето на Забрчанец во кампањата би било етички проблематично. Па прашањето е дали тоа тој го работи во текот на работно време или после тоа и дали за тоа тој добива дополнителна надокнада. Тука има такви нијанси коишто треба да се истражат, меѓутоа секако владиниот тим не би требало директно да биде вклучен во кампањата на Пендаровски, истакна аналитичарот Арсовски.

Тој посочи дека треба да се има во предвид дека владините функционери попладне одат во партија, а партијата го кандидира Пендаровски, па така тие не можат да избегаат од невклученост во таа кампања.

Коронавирус