сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 28
home Вести

Арсовски: Владата на СДСМ не треба да глуми опозиција и да ја дефокусира јавноста- Не е точно дека Груевски како премиер имал ангажирано 92 советници

Арсовски: Владата на СДСМ не треба да глуми опозиција и да ја дефокусира јавноста- Не е точно дека Груевски како премиер имал ангажирано 92 советници

На новинарско прашање во врска со тоа дека владата денеска објави список на советници на поранешниот премиер Никола Груевски, на чија листа се најдоа 91 советник и дека за нив се потрошени 1,7 милиони евра, Димче Арсовски вели дека владата на СДСМ не треба да глуми опозиција.

 –Владата денеска објави список на советници на поранешниот премиер Никола Груевски. Во списокот стои 91 лице Тие велат дека таа листа не е конечна и дека според податоците кои што до сега ги обработиле повеќе од 1,7 милиони евра биле потрошени за овие советници. Би сакал да истакнам дека СДСМ не треба да глуми опозиција и да ја дефокусира јавноста околу скандалозното расфрлање со парите на граѓаните за сегашните советници, со тоа што ги деволвира институциите во моментот со именување на истите лица на високи функции кои што се инаку и на американската црна листа за вооружен инцидент и се осудувани со казна затвор. Не е точно дека Никола Груевски како Премиер имал ангажирано над 90 односно поточно 92 лица. Од целата листа која што ја извадија од Владата на СДСМ денеска, тие сакаат да манипулираат бидејќи само дваесетина лица биле надворешни советници во целиот период од десет години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт а сите други биле ангажирани во рамките на државната администрација со звање советник бидејќи, доколку не знаат од Владата во администрацијата постои звање „советник“ како редовно вработен. Тука би сакале да демантирам исто така и во однос на ангажманот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицковски како советник на тогашниот Премиер, Никола Груевски дека неговиот коефициент бил 1.8 и не е објавен податок колку била неговата плата . Точно беше 1.8 но веднаш потоа беше преминат во пробоно и не земаше никаков паушал за неговиот ангажман како советник на Премиерот Груевски, и тоа неколку пати веќе и јавно е истакнато, со тоа што СДСМ со ниту една манипулација не може да дефокусира и да го прикрие срамот кои што го нанесоа со назначувањето на командант Хоџа, на Љубе Бошковски, на Силвио Аврамовски за кој што втор ден немаме одговор, и многу други лица кои што се наоѓаат на неговата советничка листа, потенцира Арсовски.