сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 29
home Вести

Арсовски: Владата на СДСМ не искористи над 130 милиони евра, пари од европските фондови заради нивна неспособност

Арсовски: Владата на СДСМ не искористи над 130 милиони евра, пари од европските фондови заради нивна неспособност

Владата на СДСМ не искористи над 130 милиони евра, пари од европските фондови заради нивна вина. Некадарноста и неспособноста на СДСМ и на оваа Влада ја чини Република Македонија и македонскиот народ 130 милиони евра пропуштена шанса за капитални инвестиции, шанса за развој на инфраструктурата на Република Македонија, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-СДСМ ветуваа инфраструктурни проекти за поврзување со соседните земји, како на пример железницата кон соседна Бугарија, но втор пат додека се на власт ги лажат граѓаните. Алчноста за крадење на СДСМ и семејството Заеви, ја опустоши Република Македонија и ја лишува од европските фондови. Наместо да работат на вакви проекти помогнати од нашите партнери од европските фондови, оваа Влада единствено е посветена на крадење и не ја интересира ништо друго. Затоа, застојот во инфраструктурниот развој на Република Македонија е единствено вина само на СДСМ и Зоран Заев кои немаат кадар кој може сето тоа да го сработи, а за тоа потврдуваат и земји членки на Европската унија. Развојот на инфраструктурата во Република Македонија, не е дел од агендата на СДСМ. Агендата на СДСМ и на оваа Влада на Зоран Заев е единствено криминал, крадење и делење тендери на нивните функционери. Затоа Република Македонија не може и не оди напред, порача тој.

Коронавирус